Македонија
ФДМ: Договорот ги гарантира идентитетот и јазикот
Форумот за демократска Македонија го поздравува потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција.
ФДМ, организација на иселениците, смета дека промената на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија не го менува идентитетот на етничките Македонци и македонскиот јазик. Напротив, како што велат од таму, договорот ги гарантира идентитетот и јазикот, без да навлегува во правото на национално определување.
„Наметнатиот проблем за името, иако неправеден, со децении беше пречка за остварување на евро-атлантските аспирации на Македонија. Затоа, ФДМ смета дека постигнатиот компромис е добар почеток за градење меѓусебна доверба меѓу двете соседни земји, мрднување од мртва точка и надминување на блокадата за членство во НАТО и ЕУ. Овој договор, иако не е идеален, веројатно е најдоброто можно решение во овој момент“, се вели во соопштението на Форумот за демократска Македонија.
ФДМ нагласува дека со решавањето на спорот за името оваа и сите други идни влади од сега ќе треба да преземат одговорност и да се посветат на економските, правните и корупциските проблеми во државата, кои се од основно значење за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

