Македонија
Филипче: Граѓаните треба да бидат свесни дека ако не се вакцинираат, имаат голема шанса да завршат во болница

Граѓаните треба да бидат свесни дека ако не се вакцинираат, имаат сериозно голема шанса да заболат од коронавирусот, кој многу веројатно ќе ги смести во болница и има многу голема шанса да дојде до компликации, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој информира дека во последната недела се детектирани уште пет случаи на новиот делта-сој на вирусот – три во Скопје и по еден случај во Куманово и Тетово.
„За сите мутации и соеви вакцината е единствен спас и на тој начин може да ставиме крај на епидемијата“, рече Филипче.
Тој повтори дека се размислува да се воведат ограничивања за невакцинираните ако се соочиме со нов бран наесен.
„Сепак, не можеме сите да страдаме поради некој што не се вакцинира. Не можеме да бидеме затворени. Затоа е измислена вакцината, да се врати животот во нормала“, рече Филипче.
Тој информира дека за да се постигне колективен имунитет, потребно е да се вакцинираат околу 80 отсто од населението, што е двојно повеќе од сегашниот процент на вакцинирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.