Македонија
„Филипче е човек што има криминален багаж зад него, исто како Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Продолжената рака на Заев, Филипче е човек со криминален багаж зад него. Филипче е човек кој има голем број на афери кои се поврзани со него. Филипче беше член на Влада и не одговараше за модуларната болница, за провизиите од вакцините, за Онкологија и други афери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче е дел од системот кој го уништуваше здравството изминатите години, а на грбот на граѓаните се богатеше.
Филипче е човек кој нема кредибилитет да биде политички лидер и е потрчко на неговиот ментор Зоран Заев. Филипче прави како што ќе каже Заев и тоа е се што треба да знаете за него.
Филипче не може да понуди ништо ново на политичката сцена, нема решенија на проблемите кои тој со Заев ги создадоа во Македонија. Филипче има политика на уништување на стандардот за живеење во Македонија.
Филипче е синоним за корупција и криминал. Филипче е завршена приказна за Македонија!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

