Македонија
Филипче: Засега нема потреба од рестриктивни мерки

Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, но не ја исклучувам можноста за тоа, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој рече дека се анализираат зголемените бројки во текот на оваа недела и согласно тоа од понеделник здравствените власти ќе го кажат својот став дали ќе има нови мерки или не.
„Ги следиме бројките и на почетокот на следната недела ќе излеземе со став. Засега во ниеден град не се исполнети условите да треба да има ограничување на движењето“, рече Филипче.
Тој додаде дека над 70 отсто од новите случаи се заболени со британскиот вид на коронавирусот. Исто така, информира дека болничките капацитети не се загрозени и дека има доволно болнички кревети за прием на пациенти со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Студеничани денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска:
· поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба;
· поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на улицата Маџари, општина Гази Баба;
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од населбата Припор, по главната улица Христо Татарчев, општина Кисела Вода.
Македонија
Претежно сончево и многу топло со температура до 43 степени

Времето денеска, претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.
И во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.