Македонија
Филипче: Првпат е обезбедена орална терапија за пациентите со ретката болест Гоше
Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се обрати на настанот посветен на 1 Октомври – Интернационалниот ден на Гоше. Во своето обраќање Филипче истакна дека пред неколку дена првпат е достапна оралната терапија за пациентите со ретката болест Гоше, покрај инфузионата терапија, со која значително се олеснува начинот на примање на терапијата.
„Чест ми е што утрово заеднички го одбележуваме Интернационалниот ден на Гоше. Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија водат вистинска грижа за пациентите со ретки болести, меѓу кои и за пациентите со ретката болест Гоше. Од оваа година достапна е оралната терапија за пациентите со ретката болест Гоше, покрај инфузионата терапија. Со оралната терапија значително се олеснува начинот на примање на терапијата и пациентите не мора да ја примаат во болнички услови“, потенцира министерот Филипче.
За две години воведени се 5 нови лека и значително е зголемен буџетот за ретките болести.
Од Министерството за здравство нагласуваат дека со програмата за ретки болести се овозможува континуитет на активностите што државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести. Во согласност со најавите, со програмата за лекување ретки болести во 2019 година ќе бидат набавени вкупно 31 лек за пациентите со ретки болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

