Македонија
„Филипче и Заев 7 години ги лажеа и манипулираа граѓаните со истите ветувања што ги нарекуваат програма“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче со СДС и ДУИ бесрамно по 7 години промовираат проекти кои и досега беа дадени како ветувања во Планот за живот и имале апсолутна власт и можност истите ветувања да ги реализираат. За жал, најголем процент од околу 80 отсто се нереализирани ветувања во ресорот здравство за што најодговорен е токму Филипчемкој освен лаги во пракса зад себе остави руиниран здравствен систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Петте министри за здравство од кои токму Филипче е министер со најдолг мандат е директно одговорен за неработата, отсуство на суштински реформи, уназадување на здравството за неколку децении наназад и голиот пиар, без конкретни подобрувања.
Ова се само дел од ветувањата за кои тој лично е одговорен за нивното неисполнување:
Неизградбата на клинички центар, ветување дадено во Планот за живот – не само што нема клинички имаме побарување за наплата од 20 милиони евра, отштета за неградба на ллинички центар.
Специјалистите и денес не ја добиваат ветената плата од 100 000 денари, но истиот Филипче оди понатаму со лагите за веќе да ветува манипулативно и предизборно нови покачувања на платите.
Истиот тој Филипче дава ветување за плати на медицинските сестри кои по 7 години од неговото и владеењето на неговата партија ги остави со минимална плата.
Денес не е реализирано ниту ветувањето за капитационен бод од 90 денари за матичните,како и ветувањето за капитационен бод од 70 денари за стоматолозите.
Нема бесплатно болничко лекување за сите граѓани како што ветија во Планот за живот,но по 7 години ветува укинување на 20% од партиципацијата.
Не е реализирано ниту ветувањето за стимулативни мерки за млади доктори во рурални средини.
Нема фонд за финансирање на лекување во странство
Нема изградба на Клинички центар во Битола
Нема Детска општа болница со Ургентен центар во Скопје.
Нема укинување на економските директори.
Нема спојување на клиниките во еден Клинички центар како што ветуваа пред да дојдат на власт.
Ова се само еден дел од дадените ветувања од Програмата за живот кои не се реализирани што покажува колку лесно Филипче и неговата партија даваат ветувања кои не ги исполнуваат, а истовремено потценувајќи го народот кој многу добро памети што се се ветувало во Планот за живот и каков е денес крајот на истиот тој „живот“.
Денес во пракса имаме сомнителни набавки во здравството со еден понудувач, непотизам, вработувања на семејни лози, партизирани вработувања.
Иако, претходно дадените ветувања не се исполнети, сепак Филипче се обидува на мала врата повторно да протне дел од нив, а дел и да ги надгради, без никаква сериозна анализа, план или стратегија.
На граѓаните им е јасно дека овие листови со желботеки се чисто предизборно и манипулативно најавени, а потврда за недовербата е и резулатот од анкетите кои го покажуваат гласот на народот.
ВМРО-ДПМНЕ нуди конкрерни мерки кои се реални и во чиј центар ќе бидат пациентите, а ќе го унапредиме и статусот на здравствените работници“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

