Македонија
Филипче: Направивме реорганизација на здравствениот систем каква што не се случила во историјата
Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада целосно сме насочени кон поуспешно справување од здравствената криза предизвикана од Ковид-19. Направивме реорганизација на здравствниот систем каква што не се случила во историјата за одговор на пандемијата и успешно го амортизиравме силниот есенски бран. Ова го напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, целосно сме насочени кон поуспешно справување од здравствената криза…
Posted by Венко Филипче on Monday, December 14, 2020
„Ги активиравме и направивме ротација на сите здравствени работници, план кој беше подготвен уште во летото. Ги ставивме сите ресурси во заштитата на здравјето на граѓаните. Донесовме одлука да ги наградиме сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од коронавирусот. Го зголемивме и бројот на тестирања од Ковид-19 и го подигнавме на речиси 3.000 дневно. Покрај тоа, отворивме уште едно приемно одделение во Институтот за јавно здравје и ја забрзавме процедурата за земање на тестови. Набавивме брзи тестови за здравствените установи.
Ги пуштивме во употреба амбулантите на Клиниката за пулмологија и алергологија и клиниките ги пренаменивме во ковид центри, со цел секој пациент кој има потреба од хоспитализација истиот да ја добие потребната здравствена заштита. Забрзано работиме и на проектот за поставување модуларни болници со 16 општини во државата. Се бориме со вирусот и заштита на што е можно повеќе човечки животи.
Обезбедивме 833 000 вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС-системот и работиме на тековната подготовка за нови набавки.
Покрај справувањето со овој вирус, реализиравме и неколку капитални инвестиции:
➡ Целосно го реновиравме Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија;
➡ По 30 години надвор од употреба, го пуштивме во работа целосно реновираниот интерен оддел за женски болести во болницата во Кавадарци;
➡ Новиот крак од струмичката болница се пренамени како ковид-центар;
➡ Целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница, а Општата болница во Гостивар го реновираше хируршкото одделение со што ги зголеми болничките капацитети.
Оваа година докажавме дека јавното здравство може да се бори со светска пандемија. Покажавме дека со вистинска грижа, труд, организираност и мотивираност можеме да издржиме на долг рок.
Се заблагодарувам за дадената доверба. Во перидот којшто е пред нас заеднички продолжуваме во унапредувањето на јавното здравство“, напиша министерот на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија.
По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник. По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, по еден возач во Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион
Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино.
Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој.
Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во државата.
Во следната фаза е предвидена инвестиција од околу 14 милиони евра за рехабилитација и проширување на депонијата, што вклучува изградба на нови депониски ќелии, систем за управување со исцедок и биогас и затворање на постојната депонија.
„Со тоа се обезбедува целосно усогласување со европските стандарди и воспоставување модерен регионален систем што значи крај на дивите депонии и почиста животна средина за граѓаните во Полог“, рече министерот.
Македонија
Јанчев: Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално
Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално, изјави на денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.
Тој истакна дека предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти претставуваат директно стимулирање на дивоградбите и продлабочување на урбанистичкиот хаос.
Јанчев потсети дека законот од 2011 година, кој требало да важи шест години, со низа продолжувања се развлекува на вкупно 20 години, со што наместо да се затвори прашањето за старите објекти, се поттикнува изградба на нови дивоградби.
„Градежното земјиште е ограничен ресурс, а како во природата, така и во општеството, мора да постојат правила за негово користење. Урбанистичките правила постојат за да создадат хумана средина за живеење, а кога не се почитуваат добиваме хаос и безредие. Немаме градски архитекти за одржување на урбаниот ред, немаме урбанистички планови, за многу населени места, а постојните се стари по 15–20 години и не одговараат на реалноста на терен. Планирањето не го води јавниот интерес, туку профитот, кој често е спротивен на јавниот интерес. Имаме населби со број на жители што не одговара на капацитетите на водоводната и канализационата мрежа, недостиг на паркинг места, сообраќајници низ кои не може да помине ни едно противпожарно возило. Во вакви услови да се продолжува рокот за легализација и да се стимулираат нови дивоградби не е паметно, туку е штетно, а може да биде и фатално”, рече Јанчев.

