Македонија
Филипче: Нов апарат за компјутеризирана томографија на Институтот за радиологија

Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија (модел Сименс, 64 слајсен). Овој апарат е набавен кон крајот на 2019 година и е пуштен во употреба.
Апаратот за компјутеризирана томографија работи во две смени, со редовно закажани пациенти преку националниот електронски систем „Мој термин“. Очекуваме со новиот апарат да се скрати времетраењето на прегледот, со подобра резолуција на добиените резултати и детекција на најситните промени.
„Инвестираме во човечкиот капитал, набавка на нови лекови, како и нова медицинска опрема за да му овозможиме подобри услови за работа на медицинскиот персонал и квалитетна здравствена заштита на нашите пациенти. Водиме максимална грижа за подобро здравје на пациентите. Во моментот, на Институтот за радиологија се во функција четири апарати за компјутеризирана томографија, со што значително е подобрено функционирањето во оваа јавна здравствена установа“, потенцираше министерот за здравство д-р Венко Филипче.
Апарат за компјутеризирана томографија е набавен со средства од установата во вредност од 10 милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Првиот ден од септември ќе биде сончев со мала облачност

Првиот ден од септември, како и неделата, ќе биде сончев со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).
Минималните утрински температури ќе се движат од 8°C во Маврово до 18°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 24°C до дури 34°C во Скопје.
Во главниот град утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 18°C во утринските часови до максимални 34°C во текот на денот.
Од вторник, метеоролозите најавуваат уште потопло време – сончево со мала до умерена локална облачност и температури кои ќе се движат од 30°C до 37°C.
Во среда пак ќе настапи промена – времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен западен ветер. Попладне на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат меѓу 29°C и 36°C.
Македонија
Се врати во функција бројот 192 на МВР

Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје.
За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат.
Македонија
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.