Македонија
Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола

За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој најави и дополнително унапредување на услугите.
„Во овој Здравствен дом не е направена никаква инвестиција од 50тите години. Оваа установа опфаќа голем број на граѓани – пациенти на кои им пружа здравствена услуга. Целокупниот процес на реновирање ќе се финализира со замена на кровот во периодот којшто следува и помошта која се очекува да пристигне од делегацијата на ЕУ со што ќе се обезбеди ново амбулантно возило за потребите на жителите во Битолскиот регион. Честитки до директорката и целокупниот здравствен персонал кои покажаа дека може да се справат со менаџирањето на ковид кризата, но и целокупниот процес на вакцинирање во салата за масовна имунизација во Битола“, изјави министерот Филипче.
Пред две години, целосно беше реновирана службата на Итната медицинска помош, а финализирање на целокупниот процес на обнова ќе се заокружи со замена на кровот на установата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.
Македонија
Сериозен дефект на водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје без вода

ЈП Водовод и канализација извести дека вечерва поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм. на улицата Франце Прешерн 100Д во населба Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ке биде со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.