Македонија
(Видео) Филипче: Разговараме со специјализантите и бараме решение за нивните барања
„Имавме бројни состаноци со претставници на двата синдикати во здравството. Се направи една балансирана прераспределба на процентите на зголемување на основната
плата. Ветувањето од 100 илјади денари во терциерното здравство согласно нашата програма ќе се оствари следната година. Ние ќе продолжиме со планот за одвојување средства и понатаму за да инвестираме и во докторите и во медицинските сестри заради тоа што тие се носителите на здравството“, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој е претседател на Комисија за здравство на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање за незадоволството кај возачите и административниот персонал кои најавуват протести, како и здружението на медицински сестри кои бараат линеарно зголемување, а во понеделник протест најавуваат кофинансираните специјализанти.
„Во текот на изминатата недела имав состанок со кофинансираните специјализанти. Дозволете да ве потсетам дека Владата предводена од СДСМ е првата која одвои средства во 2018 година приватните специјализанти за прв пат да бидат платени за својот труд.Тие до тогаш работеа практично без пари. Кофинансираните специјализанти се една посебна група која што има направено посебни договори заради тоа што преку специјализацијата тие имаат направено и договор на определено работно време.Согласно Законот, кога ја завршуваат специјализацијата, нивниот работен однос се трансформира во работен однос на неопределено работно време.
Тоа што кофинансираните специјализанти на средбата од минатата недела побараа да се направи трансформација уште за време на специјализацијата за што во овој момент не постои законска можност а се со цел да го добијат зголемувањето на средствата кое сега го добиваат здравствените работници. Барањето е легитимно.Ние договоривме дека ќе направиме неколку работни средби во рамки на Министерството со правната служба во рамки на нашата соработка со Фондот за здравствено осигурување и веројатно со пратениците со цел да се види каква е можноста тој Закон во тој едл да се промени.акажавме уште една средба за тогаш кога ќе ги имаме информациите во текот на следната недела за да видиме што и како мопжеме да направиме во однос на динамиката за тоа што следува во Собранието.
За протестот дознав во текот на вчерашниот ден, секое барање е легитимно, секоја одлука е легитимна затоа сакам да потенцирам дека имавме работна средба и преземавме обврка да ги расчистиме тие работи и закажавме нова средба за да видиме што може да се направи затоа што станува збор за потреба од измена на Закон за здравствена заштита“, додаде Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

