Контакт

Македонија

Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична работа

Објавено пред

Министерството за здравство информираше дека студентите кои завршилe Медицински факултет, по завршување на студиите ќе добијат можност за практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија. Ова е последна новина во низата промени за повисок стандард и подобри услови на здравствените работници во земјава.

dobivaj vesti na viber

„Како што најавивме пред неколку дена, успеавме да направиме модел каде секој студент ќе добие можност за практична настава во здравствените установи. Ова е само еден од многуте чекори што ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, по средбата со трите здруженија на лекари специјализанти.

Претставниците од здруженијата ги поддржаа предлозите на министерот и се согласија да бидат дел од процесите со кои ќе се реализира предлогот сите лекари штом ќе добијат лиценца, веднаш да им се даде можност 6 месеци да добијат платена практична работа во Итната медицинска помош, во вакциналните пунктови и поливалентните патронажни служби.

Министерството за здравство соопшти дека од јануари годинава ја зголеми и основната плата на здравствените работници, здравствените соработници и помошниот технички персонал во здравството. Зголемувањето се движи од 5 до 10 проценти, при што кај лекарите специјалисти е 10 проценти, за медицинските сестри на клиниките – 8 проценти, а останатите медицински сестри добиваат зголемување од 5 проценти. Сите останати здравствени работници добиваат 5-процентно зголемување. За администрацијата во здравството, пак, е предвидено зголемување на основната плата од 5 отсто, од септември, годинава, велат од Министерството за здравство.

Коефициентот за дежурства е коригиран во сооднос со зголемената основна плата при што надоместоците за дежурствата на лекарите остануваат на исто ниво како што било пред зголемување на основната плата.

Како дополнување на мерките за подобрување на состојбата, Министерството за здравство, минатата година првпат обезбеди и средства за вложениот труд на специјализантите. Тие сега земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

„Со ова отвораме можности и работни места за граѓаните и лекарите својата иднина да ја гледаат тука, во Република Северна Македонија. Изборот е тука, во нашата држава. Создаваме средина за работа каде што секој ќе може да се надградува, да оди напред во својата професија. Со зголемувањето на платите во здравството за вршителите на здравствена дејност значително се подобрува и унапредува статусот на здравствените работници што Министерството за здравство го почна етапно и го реализира според предвидениот распоред. Ова е уште едно дополнување на вреднувањето на трудот на здравствените работници, со цел да се поттикнат и да се мотивираат, својот придонес да го дадат во подобрување на здравствениот систем на државата“, додаде министерот Филипче.

Министерот Филипче посочи дека ова е само почеток на менување на состојбите во здравството – граѓаните заслужуваат врвна медицинска нега, а докторите достојни услови за вршење на својата дејност.

Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка

Објавено пред

Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.

Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)

50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.

Времето денеска

Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)

· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.

Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет2 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет2 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет2 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет2 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија11 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет16 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион17 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија19 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет21 час

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија23 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија1 ден

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...