Македонија
Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија.
„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека почиваат во мир овие млади души“, вели Игор Филков,министер за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани.
Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, велат од Факултетот за музичка уметност.
Македонија
Андреј Лазаров фудбалер на Шкупи го загуби животот во трагедијата во Кочани

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров e помеѓу загинатите во трагедијата во Кочани, а преку социјалните мрежи се прости и репрезентативецот Бојан Миовски.
Миовски на неговиот Инстаграм профил објави фотографија од Лазаров и додаде:
„Почивај во мир, брат мој“.
Како што информираат од фудбалскиот клуб Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, на крајот се задушил во чадот.
„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија од Шкупи.
Лазаров во кариерата настапуваше за Металург, Тиквеш и Работнички во Македонија, како и хрватските Рудеш и Горица.
Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените во болницата во Штип го загубил животот.
Македонија
Почина Андреј од ДНК

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани.
„Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали. Пеј како што си знаеш ти најгласно, најубаво таму горе. Не сакам да верувам“, објави Антониа Гиговска, споделувајќи ја песната од ДНК „Ако утре ме нема“.
Андреј Ѓорѓиески е роден на 9 февруари 1982 во Скопје.