Македонија
Финансиската полиција поднесе пријава против Илчо Ѓорѓиоски и ФФМ за затајување данок
Управата за финансиска полиција до скопското Обвинителство поднесе кривични пријави против експретседателот на Фудбалската федерација на Македонија, (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, под сомнение за затајување данок во износ од над 1,6 милион денари. Според информациите на Финансиската полиција, тој свесно прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година, која ја поднел во УЈП и во Централниот регистар.
„Управата за финансиска полиција поднесе пријави за даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги против И.Ѓ. во својство претседател на ФФМ, кој во периодот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година со цел правниот субјект да стекне противправна имотна корист свесно и со намера во име и за сметка на второпријавената ФФМ прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година, кои ги поднел на 27 февруари лани до УЈП и Централниот регистар, за што во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите постари од три години, и тоа од ликвидираниот непостоен правен субјект АД ‘Тобако Скопје’ износ од 10.639.293 денари, како и од правниот субјект АД ‘Југохром Јегуновце’ од 6.169.832 денари или вкупни побарувања во износ од 16.809.125 денари“, сооштија од Финансиската полиција.
Ѓорѓиоски спротивно на Законот за данокот на добивка во даночниот биланс не ја зголемил даночната основица во однос на непризнаени расходи за даночни цели за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка, со што ФФМ стекнала противправна имотна корист од 1.680.912 денари за кој износ е оштетен буџетот на РМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

