Македонија
Фондацијата „Никола Јачев“ ги додели првите стипендии
Фондацијата „Никола Јанчев“, која е основана оваа година на 14 февруари од страна на актуелниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев, денескa ги доделува првите стипендии за учениците од основните и средните училишта, како и за студенти.
По објавениот конкурс, кој заврши во петокот, комисијата составена од стручни лица ги разгледа сите апликации и според дадените критериуми ги определи добитниците на 36 стипендии и денес преку еден свечен чин им ги додели.
Оваа фондација е основана со почетен буџет од 10.000 евра. Директор на Фондацијата е Јанинка Чупаркоска, управител на „Кожувчанка“. Дополнително, секој месец буџетот на Фондацијата ќе се зголемува со градоначалничката плата на Митко Јанчев. Тој уште во предизборната кампања најави дека доколку стане градоначалник, ќе ги донира месечните примања. Ветеното сега е исполнето. Фондацијата и во иднина ќе организира активности преку кои ќе се собираат средства за ранливите категории, за талентираните ученици и за граѓани на општина Кавадарци на кои им е потребна помош.
Фондацијата го носи името на покојниот татко на Митко Јанчев, кој по неговата смрт, многу млад застаува на чело на компанијата „Кожувчанка“. Градоначалникот Митко Јанчев за својата хуманост вели дека е виновен татко му, кој уште од ма го воспитувал да им помага на заедницата и на луѓето на кои им е потребна помош. Го учел дека хуманоста е доблест и иако многу млад го остава сам да го најде вистинскиот пат, сепак успева во тоа и неговиот правец секогаш е насочен според аманетот од татко му, секогаш да им помага на оние на кои им е потребна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

