Македонија
Фондација Македоника: Отворен повик за млади и непознати автори за објавување нивни дела
Во просториите на Фондација Македоника се одржа прес-конференција по повод започнувањето на проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“.
Во период од 12 месеци, почнувајќи од 01.06.2017 до 31.05.2018, од фондацијата очекуваaт многу млади и непознати автори за прв пат да ги објават своите дела.

Можност да учествуваат во проектот имаат сите млади автори од етничките заедници (Македонци, Албанци, Турци, Роми и Срби) од Република Македонија, регионот и дијаспората. Од сите пристигнати текстови издавачката комисија на проектот ќе избере 12 дела што ќе бидат објавени во бесплатната дигитална библиотека на Фондација Македоника.
Делата ќе бидат објавени двојазично, на македонски јазик и на мајчиниот јазик на авторите, изјави Андреа Ичокаева – Бундалевска, дел од тимот на фондација Македоника.
Делата ќе се доставуваат електронски на [email protected], a жанрот не е ограничен, односно авторите може да конкурираат со проза, поезија и драма.

Во рамките на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови, а најдоброто дело на проектот ќе добие специјална награда – електронски читач (таблет), изјави Марија Ичокаева.
Сите заинтересирани автори можат да добијат повеќе информации на тел: 02.615.2000 И на е.маил адресата [email protected].
Фондацијата за негување на македонското културно наследство „Македоника“ од Скопје е корисник на акциски грант од Цивика мобилитас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

