Македонија
Формирана нова пратеничка група на „Вреди“, Беким Ќоку назначен за координатор

Во врска со прашањата за промените во составот на пратеничките групи, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и во раководната структура на пратеничката група на „Вреди“.
„Во согласност со известувањето: пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ‘Влен’. Заменик-координатори се пратениците Мерита Колчи-Коџаџику и Аднан Азизи“, соопштија од Собранието.
Сегашниот состав на пратеничката група на „Вреди“ е: Африм Гаши, Аднан Азизи, Беким Ќоку, Калтрина Беќири, Имерлије Салиу, Саранда Имери, Фериде Хаџиу, Мерита Колчи-Коџаџику и Беким Сали.
Досегашен координатор на пратеничката група „Вреди“ беше Халил Снопче, кој доаѓа од крилото на Алијансата на Албанците, предводено од Арбен Таравари.
Претходно, пратеничката група беше составена од 14 пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.