Македонија
Форумот на слободоумни патриоти нема да поддржи промена на Уставот
Форумот на слободоумни патриоти нема да поддржи промена на Уставот. Од таму најавуваат дека на најавениот референдум ќе го организираат народот со цел, како што велат, да се спротивстават на ова големо велепредавство во режија на недоветниот Зоран Заев.
„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува однесувањето на велепредавникот Зоран Заев и неговите слуги. Основна определба на ФСП е интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но во никој случај нема да дозволиме виткање на грбот и полторнско однесување. Напротив, во време кога ЕУ заговара промена на моделот, т.е. бришење на правото на вето, за нас, неразбирливи се ваквото предавство и полтронството на Зоран Заев.
Сакаме да му укажеме на недоветниот Заев дека треба да престане да ги сквернави Македонската историја и дејците што животот го посветиле на Македонија. Очигледно е дека велепредавникот Заев треба да седне да прочита малку македонска историја бидејќи, ако прочитал, ќе знае дека сите македонски дејци што вчера ги спомнуваше се бореле за самостојна, суверена и независна македонска држава! Го повикуваме велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор. Она што беше кажано на вчерашната конференција за новинари за нас нема никаква важност бидејќи Заев во светски рамки е единствен пример на политикант кој своите ставови ги менува почесто од чорапите што ги носи!“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маж ја силувал поранешната девојка, ОЈО бара притвор
Основното јавно обвинителство Гевгелија соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Полов напад и силување“. Според обвинителството, постои основано сомнение дека на 19 ноември осомничениот, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на оштетената, ја принудил на сексуален однос.
-Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја пречекал пред работното место и ја викнал да влезе во кола за да разговараат и да ја однесе дома. Но наместо тоа, со автомобилот свртел по полски пат, па во возилото ја удирал по лицето и и се заканувал дека не смее да биде во врска со друг. Кога застанал, оштетената излегла од автомобилот, но тој со шлаканици и боксови ја вратил во возилото и ја принудил на полов однос на кој таа постојано се спротивставувала, стои во соопштението од ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гевгелија за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.
-Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување, стои во соопштението на АХВ.
Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.
-Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност, наведуваат од Агенцијата.
Додаваат дека во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
Македонија
Поради одрон во прекин патот Крива Паланка – Деве Баир
Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

