Македонија
(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите
Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и одлуката за постоење на кризна состојба донесена од Владата заради зголемена појава на пожари, како и побарувањата на Центарот за управување со кризи активно се вклучи во гаснење на пожарите на целата територија на нашата држава.
Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во следните општини: Ѓорче Петров – ангажирани над 60 лица; Крива Паланка – ангажирани околу 30 лица, Село Николиќ, Дојран – ангажирани над 50 лица. Дополнително во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана за собирање на податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во овој реон.
Армијата останува подготвена за натамошна поддршка и интервенција каде што е потребно, во координација со надлежните институции.


















©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 15 – Припор. ( општина Кисела Вода )“, информира РЦУК.
Македонија
Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи.
Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица.
Тие се приведени поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

