Македонија
(Фото) Орце Ѓорѓиевски: 24/7 во служба на мојот народ

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општинските служби во текот на целата ноќ ги расчистуваа улиците од снегот. Во 03 по полноќ, тој на својот фејсбук профил сподели фотографии од акцијата.
Механизацијата во огромен број е распоредена на сите улици на територијата на општината, а се интервенира и во делот на паднатите гранки и дрвја како последица на снежното невреме.
Како што информираат од општината, активно се работи веќе 10 часа, а екипите ќе продолжат во текот на целиот ден и нема да дозволат граѓаните да бидат попречени во извршувањето на своите активности.
-Мојот народ да биде спокоен, подготвени сме и извршувањето на секојдневните активности ќе биде целосно овозможено и непречено! – истакна Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Началниците од Кочани и Штип се заменети со скопјани за да нема сомнежи и влијанија во истрагата

Разрешувањето на раководните лица во Кочани и Штип и нивна замена со службеници во Скопје, е со цел процесот да се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија, објасни министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција.
Тошковски претходно во текот на денот донесе одлука за разрешување на пет началници, еден помошник-началник и еден командир од полицијата во Кочани и Штип.
„Во моменти како овие, клучно е инситуциите да работат со највисока транспаретност и професионалност, и затоа воспоставуваме оперативна поставеност која ќе овозможи целосна непристрасност со луѓе кои немаат лични или професионални релации со самата средина“, вели Тошковски.
Тој рече и дека началникот на кочанската полиција не меѓу лицата кои беа на распит деновиве, и ниту тој, ниту пак, началникот на СВР Штип засега не се предмет на распит.
Македонија
Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели дека тој е целосно празен и немало никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката.
Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото на трагедијата.
Од Обвинителството во текот на денот објавија дека при увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот, а сите други околности се испитуваат.
Македонија
Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

Погребите на 59 настрадани во пожарот во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион.
„На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин од страна на државата, преземено се она што е потребно да се обезбеди достоинствен погреб којшто нема сепак да ја намали болката на оние коишто ги изгубија своите чеда толку млади“, изјави Ангелов.
Прашан дали во исто време ќе бидат погребите во сите градови и села низ Брегалничкиот регион, од каде што има загинaто деца и возрасни во пожарот во дискотеката во Кочани, Ангелов вели дека погребите ќе бидат во различен временски период.
„Погребот ќе биде во четврток, но точниот час ќе го определиме, односно ќе го определи МПЦ Синодот, бидејќи владиката сака да присуствува на повеќето места, затоа што се работи за чеда од неговата епархија. Дополнитлно ќе се утврди, каде ќе бидат, во колку часот, во кое место ќе бидат погребите најголем број жртви имаме во градот Кочани, Чешиново Облешево, Скопје, Пробиштип, Штип, Македонска Каменица“, информираше Ангелов.