Македонија
(Фото) Сите маратонци во Охридон појдени: „Превоз дан требит?“ меѓу транспарентите за бодрење
Бодрење, натпреварувачка атмосфера и укинати случувања викендов во Охрид. Новото, седмо, издание од „Охрид Трчат“ каде се трча рекреативна трка, полумаратон и штафета, беше причина за сите љубители на спортот да се соберат на едно место. Над 1.500 пријавени имаше за трката на 5 километри. Меѓу нив и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој поради оваа причина отворањето на маратонот го препушти на спортскиот директор.
Помеѓу трчачите, имаше и јавни фаци, познати спортисти, а учество земаа и деца. Десетици компании, неколку училишта и институции имаа свои тимови. Меѓу многуте учесници, имаше и девојчиња кои трчаа во македонски народни носии, а не им пречеше ниту спарното, сончево време и високите температури.
„Кревет дан требит“, „Ен ти езеро, свежни се“, „Ко ќе ме опулиш, насмеј се“, „Превоз дан требит?“, беа само дел транспарентите на охриѓани со кои ги мотивираа учесниците.
„Охрид Трчат“ стана традиција во Охрид. Се одржува секоја година, пред почетокот на летната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.
Македонија
Возилото на „БРАКО“ чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на „Комуналец-Неготино“
Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.
Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.
Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег.
(ПР)