Македонија
Франција го поздравува усвојувањето на уставните амандмани во македонското Собрание
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/maxresdefault-5.jpg)
Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на македонското Собрание и оценува дека станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на преспанскиот договор, кој треба да стави крај на спорот со Грција.
„Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на Собранието на Поранешната Југословенска Република Македонија, кое е предвидено во преспанскиот договор, кој беше потпишан на 17 јуни 2018 година помеѓу оваа земја и Грција.
Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор.Како што наведе и претседателот на Француската Република, договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа.Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува договорот”, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес Фон Дер Мил (Agnès Von Der Mühll), која што ја пренесе Амбасадата на Франција во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Трипуновски на увид во штетите од невремето во Тетово и Јегуновце: Ќе ги засилиме активностите за заштита од природни непогоди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/thumbnail_Tripunovski-24.09.2022.jpg)
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на општините Тетово и Јегуновце каде што изврши увид на ситуацијата на терен после невремето коешто го зафати овој регион.
– Денеска сум на посета и на еден краток увид на ситуацијата на терен во општините Тетово и Јегуновце после невремето што го зафати овој регион во неделата вечерта. Преземени се сите законски активности во делот на формирање комисии, рокови за пријавување на штети коишто се случија во домовите и на земјоделските посеви и веќе комисиите ќе излезат на терен и да извршат проценка на штети. – изјави Трипуновски.
Според информациите во општина Јегуновце се очекуваат 100тина апликации за штети, додека за територијата на општина Тетово се уште не се знае точната бројка.
– Сакам да упатам еден апел, ние како Министерство, како Влада, во наредниот период ќе ги засилиме активностите и афирмацијата на мерките коишто ќе ги нудиме за заштита од природни непогоди што ќе се случуваат во иднина. Оваа штета која што сега е настаната значи помалку буџет на семејствата коишто егзистираат само од оваа гранка. Ова обештетување можеби ќе ги залечи раните меѓутоа ќе биде многу тежок момент, затоа ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе во наредните години да заштитиме што е можно повеќе- заврши Трипуновски.
Македонија
Перински – Стефковски: Гази Баба најавува изградба на 10 капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/449147622_496589649419622_3063237686714628793_n.jpg)
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински.
За средбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Го информирав министерот Перински за подготвеноста на општина Гази Баба за најавениот јавен повик од премиерот Христијан Мицкоски за финансирање на капитални проекти на општините низ Македонија. Во изминатите две и половина години посветено работевме на изготвување на урбанистичко – планска документација и денес слободно можам да најавам дека во општина Гази Баба во наредниот период ќе се реализираат голем број на капитални проекти“, рече Стефковски и додаде:
Дел од тие проекти се: Изградба на детска градинка во Трубарево; Изградба на детска градинка во Инџиково; Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков; Изградба на нов модул од фекалната канализација во Јурумлери; Комплетна реконструкција на Културниот дом во Ченто; Реконструкција и ревитализација на улица Петре Филиповски Гарката во Триангла; Реконструкција и ревитализација на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда;Реконструкција и ревитализација на улица 519 во Керамидница; Реконструкција и ревитализација на улица Палмиро Тољати во Ченто; Изградба на атмосферска канализација и водоводна мрежа на улица Јоран Поп Јорданов во Маџари; Реконструкција и ревитализација на дел од улица Жан Жорес (од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ Наум Наумовски Борче). Поддршката од Владата на Република Македонија е многу важна во процесот на реализацијата на капиталните проекти во општината.Им благодарам на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Златко Перински за нивната вистинска заложба за поддршка на општините, а преку тоа и за директна помош на граѓаните. Среќен сум што Македонија доби Влада на која приоритет и се граѓаните и развојот на општините! – напиша Стефковски.
Македонија
Јанчев: Струјата може да биде поефтина само доколку е под ,,капата” на државата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sasko-jancev-1.jpg)
Решението за поевтина струја е левичарско и струјата може да биде поефтина само доколку е под ,,капата” на државата – ова е ставот што го истакна пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, во својот говор на собраниската седница за измените во Законот за енергетика.
– Во јавните услуги, како што е снабдувањето со електрична струја, не смее да има приватен интерес, како што тоа го има сега ЕВН, затоа што јавните добра и услуги се оние минимум добра и услуги што мора да ги има секој граѓанин за да има минимум пристоен живот, а за да ги има, тие мора да бидат подостапни. За да бидат подостапни, треба да бидат поевтини. За да бидат поевтини, мора да бидат под ,,капа” на државата, затоа што приватниот пазарен интерес на газдите налага на крајот од равенката тие да имаат профит – поентираше пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.
Според сегашната регулатива, универзалниот снабдувач со електрична енергија, а тоа е ЕВН Хоум, до 1 јули треба да основа нова фирма, ново друштво, да извади нова лиценца.
– Ако не го направи тоа, домаќинствата ќе се префрлат од регулиран пазар, каде што цената на струја е 60 евра по мегават, на слободен пазар, каде што цената е повисока – 95 евра по мегават. Значи, ќе има повисока цена и за да не се случи тоа, сега ги правиме овие интервенции во Законот – истакна Јанчев.
Пратеникот Јанчев дискутираше и за прашањето зошто универзалниот снабдувач не стигнал да си ги исполни законските обврски согласно со законските рокови и одлуки.
– Тоа е затоа што се чекаше согласност од Мицкоски. Се чекаше Мицкоски да се согласи дека ЕВН Хоум ќе биде универзален снабдувач со електрична енергија, наместо тоа да го прави домашен ентитет. Затоа, впрочем, тој во предизборието беше и на гости во Виена – појасни Јанчев.