Македонија
Французи го обучуваа алпинистичкиот тим на МВР, Тимоние присуствуваше на вежбата

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи – Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини.
Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете држави, беше реализирана во периодот од 24 јуни до 5 јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво.
Обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS – Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите ( Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак. За поуспешна реализација на нивните активности придонесоа донациите во опрема на француската амбасада во Скопје, како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.