Македонија
Фросина Ременски времено суспендирана од сите позиции во СДСМ
Фросина Ременски е суспендирана на сите позиции во СДСМ, поради обвинението во продолжената истрага од случајот „Рекет“, изјави денеска премиерот, Зоран Заев.
Одлуката е времена додека не се докаже дека таа е невина.
„Ременски е член на Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ, па од тој аспект суспензијата и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност“, изјави Заев и додаде дека верува во нејзината невиност и презумцијата на невиност, но тоа треба да биде докажано низ судските процеси.
Првиот човек на СДСМ рече дека за Ременски по докажувањето на невиноста, вратите во органите и телата на СДСМ ќе бидат повторно широко отворени.
Вчера Основниот кривичен суд времено и го одзеде пасошот на Ременски и таа ќе има забрана да го напушта живеалиштето (градот Скопје) и ќе мора повремено да се јавува кај определено службено лице во судот.
Ременски претходно неделава беше повикана на распит во Кривичниот суд. По еден час поминат кај судијата на претходна постапка за случајот „Рекет“, Ременски изјави дека не чувствува вина и дека ќе соработува со обвинителството со цел целосно да се расчисти случајот. Ременски тогаш рече дека нема намера да се повлече од функциите.
Обвинителството ја сомничи дека таа со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на „Меѓународниот сојуз“ стои извршната власт и на тој начин помогнала да се изнудуваат пари од големи компании на сметката на оваа невладина организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

