Македонија
Фудбалскиот клуб за глуви „Слобода“ освои прво место на турнир во Косово

Фудбалскиот клуб за глуви „Слобода“ од Скопје годинава на турнирот во Косово, кој се одржа на 21 aприл, освои прво место во футсал. Младите момчиња полни со елан и желба за победа уште еднаш докажаа дека хендикепот не е пречка за достигнувања и добивања на титули во областа на спортот. Ова не е нивен прв успех.
Во 2014 година постигнаа второ место во Марибор како прв турнир таа година. Истата година на турнирот во Скопје освоија прво место, и трето место во Истанбул. Во 2015 година се вратија од Ниш, соседна Р. Србија со медал за освоено второ место.
„Овие момчиња се нашите амбасадори. Сами преку спортот докажуваат дека бариери не смеат да постојат, дека инклузијата преку истиот е клучна и дека познанствата со пријателите вон Македонија е еден начин на збогатување на нивниот видик и споредба на системите во кои живеат. Тажниот момент е дека овој турнир беше овозможен од нивен личен буџет, и нѐ преставија во победничко светло. Ваквите амбасадори заслужуваат подршка од државата. Сепак паричните награди кои ги добиваат им се мотив, бидејќи истите средствата ги користат за да можат да учествуваат на идните турнири“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: 27 пожари во Македонија

Во текот на денешниот ден, низ Македонија, до 21 часот, имало 27 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, седум се уште се активни, три се под контрола, а 17 се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација и стрништа)
Општина Прилеп – с. Големо Коњари (ниска вегетација и стрништа)
Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
Општина Крива Паланка – с. Нерав, место Биљино (ниска вегетација и шума)
Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
Општина Сарај – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
ИЗГАСНАТИ (17):
Општина Чешиново-Облешево – с. Чешиново (ниска вегетација)
Општина Куманово – „Дива населба“ (ниска вегетација)
3-6. Општина Јегуновце – с. Прељубиште, с. Јанчиште, с. Копанце, с. Орашје (ниска вегетација)
Општина Куманово – с. Оризаре (ниска вегетација)
Општина Радовиш – с. Прналија (ниска вегетација и меѓи)
Општина Ново Село – с. Старо Коњарево (ѓубриште)
Општина Долнени – с. Секирци (ниска вегетација и трски)
Општина Кривогаштани – с. Обршани (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Теново – Св. Недела (ниска вегетација и зимзелени дрва)
13-14. Општина Струга – Струшко Поле (стрниште), с. Калишта (ниска вегетација)
15-16. Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација), ул. ЈНА (дрвја)
Општина Врапчиште – с. Сенокос кон с. Горјане (мешана шума)
Македонија
(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.
Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Во врска со останатите пожари, ДЗС информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство во Еразмус е во целосна координација со канцеларијата на ЕУ

СДС нека провери во своите редови пред да зборува следен пат, Лидија Димова беше разрешена од Агенцијата заради злоупотреба на финансиски средства, не постои институција во која СДС нема направено криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинувањата од СДСМ за новото раководство на „Еразмус“.
„Актуелното решение е во целосна координација со канцеларијата на Европската Унија. Истите забелешки, СДС нека ги сподели и со канцеларијата на ЕУ. Во меѓувреме, пред да излезат со прес-конференции и соопштенија, СДС прво да си го погледнат својот двор. Впрочем, нивниот „двор’’ е полн со луѓе кои обавувале јавни функции и скоро па да нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или сторен криминал. Таков случај беше и оној, кога Лидија Димова како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, ја злоупотребила службената положба и проневерила заедно со уште две лица, околу 20 милиони денари. Димова предизвикала шета на други средства во државата со кои управува Европската заедница во вкупен износ од околу 20 милиони денари, со коишто Димова направиле две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК.
Да потсетиме, тогашниот премиер Заев ја присили Димова да не ја поднесува пријавата за сторен криминал од 2,2 милиони евра, кој потоа Европската заедница си ги бараше назад. Овие пари завршиле кај исти луѓе и тендерите ги добиле исти две фирми поврзани со овие луѓе. Оваа мрежа имала своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот на премиерот, како близок пријател на еден од националните координатори во Владата.
Затоа, СДС нека си ги проверува своите редови и криминалите што ги има направено. Знаеме дека се многу и понекогаш можеби ги забораваат, но затоа тука сме ние да ги потсетиме и да го повикаме ЈО да си ја извршува работата“ пишува во реакцијата.