Македонија
Функционерите од Партијата за движење на Турците ќе ја донираат разликата во платата
Во ова време на глобална пандемија, која резултира со сериозна здравствена и финансиска криза, солидарноста е клучна за ублажување на овие последици. Со таа цел, без разлика на одлуката на Уставниот суд, Партијата за движење на Турците (ТХП) одлучи сите функционери што доаѓаат од нашите редови разликата над минималната плата да ја донираат во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19.
„Само со висока општествена одговорност и солидарност ќе успееме да ги минимизираме негативните ефекти на пандемијата и да им подадеме рака на најзагрозените сограѓани. Заеднo ќе ја добиеме и оваа битка“, се вели во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

