Македонија
Хан и Могерини месецов ќе пристигнат во Скопје

Еврокомесарот Јоханес Хан и високата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ќе пристигнат во Македонија, по соопштувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Ова го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за време на прес-конференцијата со словенечкиот премиер, кој се наоѓа во посета на земјава.
„Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи по Извештајот што го очекуваме на 17 април. Веројатно тоа би било 18 април, затоа што тогаш тука ќе се одржи Дигиталниот самит. Верувам дека 18 и 19 април ќе бидат датумите кога ќе биде посетата од комесарот Хан и од високата претставничка Могерини“, рече премиерот.
Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува вето од постојаните членки на Советот за безбедност Русија и Кина по протерувањето на руски дипломат, Заев изјави дека не очекува вето доколку се постигне договор со Грција за името и одговорот биде упатен пред Советот за безбедност на Светската организација.
Во врска со надежите за членство во НАТО, премиерот посочи дека очекува целосна поддршка од меѓународната заедница
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.