Македонија
Хан: Очигледно Франција не сака никакво проширување во моментов
Комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, во интервју за австриската АПА рече дека негативната одлука на лидерите на ЕУ го наметнува прашањето дали станува збор за трајно вето на Франција во однос на политиката за проширувањето.
Комесарот смета дека Франција очигледно не сака проширување на ЕУ во моментов, а најавата дека прашањето ќе биде разгледано за време на претседателството на Хрватска ја опиша како „бесконечна приказна“.
„Искрено, по одлуката на Советот на ЕУ, ние сме беспомошни. Како и да е, мора да се има предвид дека 25 земји ветија дека ќе почнат преговори“, вели Хан, критикувајќи го недвосмислениот принцип на одлучување на Советот на ЕУ, за кој тој верува дека е неефикасен.
Хан предупреди дека негативната одлука на европските лидери носи ризик од нестабилност и во двете држави и во целиот Западен Балкан. Тој рече дека предвремените избори во Северна Македонија покажуваат колку е чувствителна политичката состојба во земјите од регионот. Според него, ова ќе влијае и врз иднината на дијалогот Србија и Косово, како и на реформите во Босна и Херцеговина, кои ќе изгубат мотивација по одлуката на ЕУ да не почне разговори со Скопје и Тирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.210 сообраќајни прекршоци до сега во ноември, уапсени 55 лицa за безобзирно управување на возило
Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 10.210 издадени платни налози, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од кои 37 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење во забранет правец, 11 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, шест за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец ноември до сега евидентирани се 2.717 прекршоци за неправилно паркирање, 1.039 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 300 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 42 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 282 пешаци и четири возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 546 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 252 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 55 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 52 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Се беше чисто и средено како што доликува
Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка на градот.
„Вечерна обиколка на плоштадот и дел од Градскиот парк. Се беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје!
Го посетивме и Луна Паркот за кој наскоро се започнува постапка за негова реализација“, напиша Мицкоски.
За вечерната обиколка на социјалните мрежи објави и градоначалникот Ѓорѓиевски.
„Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува.
Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме.И никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Го посетивме, пишува тој, и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија.
„ Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација.
Најдоброто, доаѓа“, потенцира градоначалникот на Скопје.
Македонија
(Видео) Јанков од партијата Левица: Скопјани ќе платат 40 милиони дури и да нема снег
Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет.
„Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да се плаќа механизација дури и во услови кога нема би немало снег. Овој модел, како што истакна тој, ќе доведе до трошење на 40 милиони денари за неактивност.
Предвидената механизација е недоволна, исто како и количината на сол и не би издржала ни до половина зима“, велат од партијата Левица.
„Дополнителен проблем претставува и ангажманот на приватни фирми, кој е опишан без наведени имиња, цени или конкретни обврски, што претставува неприфатливо ниво на непрецизност за документ што треба да гарантира јавна безбедност, па оттука Програмата не нуди безбедност, туку претставува само декларативен текст.
Поради овие недостатоци, советничката група на Левица гласаше против програмата, оценувајќи ја како нелогична, паушална и ризична за граѓаните и буџетот на Град Скопје“, соопшти партијата Левица.

