Македонија
Хан: Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите со ЕУ
Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување на Унијата, Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот.
Во интервју за црногорскиот весник „Вјести“, Хан вели дека патот за Западен Балкан е реален и жив, а евроинтеграциите на балканските земји се во интерес на Европската Унија.
Прашан кои достигнувања ги смета за најголеми во областа на проширувањето и што би сакал да биде продолжено од страна на неговиот наследник, Хан зборуваше за преспанскиот договор и реформите во Албанија.
„Преспанскиот договор кој го заокружи деценискиот спор со Грција е историски. Кога ја презедов функцијата, земјата беше сред политичка криза чиешто решавање налагаше бројни патувања во Скопје и години. Истовремено, горд сум на реформите што ги постигна Албанија, особено во делот на судскиот систем“, рече Хан.
Тој додаде дека постигнат е голем напредок во регионалната соработка, набројувајќи ги транспортот, енергетската и дигиталната инфраструктура која го поврзува регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

