Македонија
Хелсиншкиот комитет ги осуди инцидентите пред Собранието
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро ги осудува синоќешните инциденти за време на протестот што се одржа пред Собранието на Република Македонија. Од таму истовремено ги осудуваат и говорот на омраза и повикувањето на насилство што го нотирале на социјалните медиуми пред протестот.
„Правото на протест е уставно загарантирано право на секој граѓанин на Република Македонија, но тоа не оправдува повикување и употреба на насилство. Според нашите согледување, групи граѓани, кои беа дел од протестот, извршија насилни дејства насочени кон полициските службеници. Затоа, ги повикуваме органите на прогонот да спроведат темелна и ефективна истрага за сторените казниви дела. Покрај ова, според согледувањето на Хелсиншкиот комитет, се забележува прекумерна употреба на хемиски средства од страна на полицијата кон граѓаните што протестираат, што исто така најостро го осудуваме. Во согласност со Законот за полицијата, употребата на средства за присилба мора да биде соодветна и пропорционална, што во дадената ситуација се доведува во прашање, особено што помеѓу граѓаните што протестираа беа присутни повозрасни лица и деца“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.
Оттаму најавија дека во врска со настаните Хелсиншкиот комитет писмено ќе се обрати до Министерството за внатрешни работи, односно одделот за внатрешна контрола, со цел утврдување на неопходноста и пропорционалноста на преземените полициски дејства.
„Со оглед на соопштението на Министерството дека 25 лица се приведени во врска со синоќешните настани, ќе поведеме дополнителна постапка за утврдување на почитувањето на правата на приведените лица во текот на целата постапка. Воедно, ги повикуваме граѓаните да го изразуваат своето право на протест на ненасилен начин, да ја зачуваат присебноста и да се воздржат од провоцирање и предизвикување насилни инциденти за да не се загрози безбедноста на сите граѓани во државава“, порача Хелсиншкиот комитет.
Од таму ги повикаа граѓаните што сметаат дека нивните права биле прекршени да го пријават случајот во Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

