Македонија
Хелсиншкиот комитет: Да се казнат поттикнувањето насилство и ширењето меѓуетничка омраза на навивачките групи
По повод вчерашната прослава на ракометниот клуб „Вардар“, до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми. Исто така, забележан е говор на омраза и во другите градови во државата. Сите пријави се уредно регистрирани од страна на Комитетот по што ќе следува соодветна реакција до надлежните институтции.
Најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност. Така, пример, на градскиот плоштад беше скандирано „Нека разберат клетите Шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора“ и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик.
Хелсиншкиот комитет најстрого ги осудува поттикнувањето насилство и предизвикувањето меѓуетничка омраза. Ги охрабруваме сите граѓани што во текот на вчерашниот ден беа сведоци и/или жртви на говор и/или дела од омраза да го пријават својот случај во Хелсиншкиот комитет и на www.govornaomraza.mk.
Упатуваме посебен апел до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да ги истражат овие случаи и да ги преземат сите мерки во согласност со позитивните законски прописи. Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со вчерашните навредливи и дискриминаторски скандирања и редовно ќе ги известува надлежните институции за понатамошно постапување и санкционирање на овој крајно негативен феномен, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

