Македонија
Хелсиншкиот комитет: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот „Тамара“
Хелсиншкиот комитет реагира на повторното одложување на рочиштето во судскиот процес за малата Тамара, која почина пред шест години, а постапката против обвинетите трае две години и 11 месеци и предметот сè уште ја нема добиено својата завршница.
„Напоменуваме дека правичното судење во разумен рок е еден од фундаменталните услови за задоволување на кривичната правда. Непочитувањето на овој институт ја намалува ефикасноста на постапката, придонесува кон правна несигурност и ја зголемува недовербата на граѓаните во правосудството. Правната сигурност може да се обезбеди само со утврдување одговорност на сите фактори, со цел задоволување на кривичната правда“, велат од таму.
Комитетот смета дека е недозволиво што во оваа постапка воопшто не е одржано рочиште веќе една година и три месеци.
Во февруари 2015 година почина малата Тамара Димовска поради тежок деформитет на ‘рбетниот столб додека институциите решаваа каде ќе се лекува.
Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со мајката на Тамара во февруари 2015 година поднесоа кривична пријава против сите лица што постапувале во случајот за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
Три години подоцна, дури во 2018 година, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата.
Основното јавно обвинителство констатирало дека првостепената одлука на комисијата при Фондот за здравствено осигурување била донесена надвор од законскиот рок за итно постапување, како и дека основа за одлуката била изјавата на тогашниот минситер за здравство, Никола Тодоров, дека пациентите со деформитет на ‘рбетот нема да одат во странство поради можноста за извршување на ваквите операции на Клиниката за ортопедски болести во Скопје иако во тој момент сè уште не постоеле услови за извршување вакви операции во нашата држава. Одлуката беше донесена без присуство на доктор ортопед и трауматолог како доктори во чија специјалност припаѓа заболувањето на малолетната Тамара Димовска, иако претседателот/заменик-претседателот задолжително требало да избере состав на доктори – членови на комисијата, во чија надлежност спаѓа нејзиното заболување. Второстепената комисија постапува на истиот начин и ја потврдува одлуката на Комисијата при ФЗО.
Последното рочиште за главна расправа во овој предмет беше одржано на 12.3.2020 година. Главната расправа на 16.10.2020 требаше да почне одново поради проток на 90 дена од последното одржано рочиште. И овој пат рочиштето беше одложено.
Во меѓувреме, за обвинетата за која се водеше одвоена постапка беше донесена осудителна пресуда со условна казна затвор, но Апелациониот суд ја поништи оваа одлука и предметот го врати на повторно одлучување.
Судечкиот судија Александра Ристеска ја спои постапката за обвинетата со постапката на останатите 11 обвинети.
Рочиштето закажано на 15 јуни 2021 година повторно се одложи, а следното рочиште е закажно дури за 30 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Нивното истражување покажува дека:
– Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.
– ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно.
– Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185.
– Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години.
– Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години.
– Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5.
Македонија
„За две години зголемени плати на полициски службеници, социјални работници, на вработените во образование, здравство, јавен сектор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ на страната на работникот. Во опозиција со давање јавна и недвосмислена поддршка на синдикатите за барањата за зголемување на платите, додека од позиција на власт со договори за конкретно покачување на платите. Како што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше синдикатите и работниците во опозиција кога протестираа во 2020 и 2024, така и сега, преку дијалог и разговори прави се во рамките на можностите платите да растат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Разликата е во тоа што ССМ од тогашната влада на СДС, во услови на двоцифрена инфлација, бараше линеарно покачување на платите во јавниот сектор од 2.806, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми за многу повеќе.
Со преземањето на власта, средбите со синдикатите се интензивираа и како резултат на тоа се спречија штетните политиките од претходната власт, се потпишаа колективни договори и се покачија платите секаде каде државата е работодавач.
Во период од околу две години, од преземањето на власта до денес, се потпишаа колективни договори во образование и здравство, каде што платите на сите вработени во основно и средно образование докрај на мандатот од 46% до 60%, вработените во високото образование добија покачување од најмалку 14%, додека здравствените работници ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати.
За 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.
Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.
Освен на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се грижи за работниците и нивниот стандард и на локално ниво, така во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, во просек, платите на сите вработени се зголемени за околу 5.000 денари.
Во целост се испочитувани сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше во одбраната, културата и други институции и нема доцнење на плати како во времето на СДС и ДУИ, кога вработените со месеци беа без приходи.
Сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го бараше ССМ, а уште поважно до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето коешто сега го има Слободан Трендафилов.
Од друга страна, согласно закон во март годинава ќе се зголеми и минималната плата, а секое друго зголемување мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите и Владата како посредник.
Низ дијалог да се дојде до одржливо решение, прифатливо за сите вклучени страни, како за работодавачите, работниците, за буџетот и стопанството во целост.
Ултиматумите и блокадите на СДС не му служат на работникот, туку само на Трендафилов и малкумината околу него кои градат кариери и профитираат на грбот и маката на обичниот работник.
Владата ќе продолжи со својата заложбата и креирање политики за поголем економски раст кој ќе овозможи уште поголем раст на платите, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Со почит,
Македонија
Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ
Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на премиерот и на неговата расипничка власт, обвинија од СДСМ.
„До толку се опиени од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата, им кратат 40 милиони евра на земјоделците, 5 милиони евра во спортот, премиерот ужива со парите на народот, со владин авион на море. Со часовници од 60 илјади евра, и со владин авион, Мицкоски покажа дека е ист како Никола Груевски кој се луксузираше со очила од 60 илјади евра и мерцедес од 600 илјади евра. Додека недостасуваат милијарди во буџетот, додека храната, струјата и греењето се поскапени, Владата планира нови стотици милиони евра за авион – за нови туристички патувања на премиерот и министрите. Ова е врв на аздисаност и ароганција на една корумпирана и криминална власт“, велат од партијата.
Од СДСМ бараат Мицкоски да не се крие, да излезе пред граѓаните и да одговори колку ги чинеше граѓаните неговото лукзусно летање со авион и кој бил со него во владиниот авион?

