Македонија
Хотелот „Ибис стајлс“ во Тафталиџе целосно отстапен за изолација на сомнителни на коронавирус
„Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ од утре го ставаат на располагање на Министерството за здравство целосниот капацитет на хотелот „Ибис стајлс“, поранешната болница Мала Богородица – Систина.
Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на сомнителни лица на вирусот Ковид-19 на кои им е определен 14 дневен изолационен период (карантин) од надлежните здравствени институции.
„Дополнително ќе биде обезбеден медицински тим од ’Аџибадем Систина’ заедно со сета друга неопходна медицинска поддршка. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од ’Аџибадем Систина’ и ’Орка Холдинг’“, соопшија од „Аџибадем Сиситина“.
Хотелот „Ибис стајлс“ има капацитет од 47 соби кои целосно ќе бидат пренаменети и опремени со потребните медицински материјали.
Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот „Ибис стајлс“, „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ се подготвени и целосно да ги отстапат капацитетите на „Ибис Скопје Сити Центер“ хотелот кој располага со 110 соби кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали.
„На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината“, велат од „Аџибадем Систина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.

