Македонија
Хотел Бoград го трансформира туризмот во Струга
Хотел Бoград го трансформира туризмот во Струга
Градот на поезијата – Струга, како атрактивна туристичка дестинација особено во летниот период, од година во година ја зголемува својата понуда на хотели, со што ги крева стандардите на туризмот и гостопримството. Денешниот современиот турист бара комфорен престој, проследен со вкусна храна и сместување блиску до центарот на случувањата.

Хотел Бoград е нов модерен хотел кој работи од 2020 година ги исполнува сите услови кои ги бара современиот патник. Лоциран е во срцето на Струшката чаршија, на 100 метри од реката Црн Дрим и 200 метри од најблиските плажи на Охридското езеро. Шеталиштето поминува пред самиот влез на хотелот, кое води до кејот на реката и Мостот на Поезијата, каде секоја година во месец Август се одржуваат Струшките вечери на Поезијата.

Собите во Хотел Бoград се дизајнирани за да им овозможат на гостите вистинско уживање додека престојуваат овде. Модерниот и современ дизајн на мебелот и самиот простор, како и специјално одбраните материјали и бои, Ви овозможуваат да се чувствувате релаксирано како да сте дома. Без разлика дали патувате со семејството, со пријателите или сами, Хотел Боград е овде за да го направи вашиот престој незаборавен. Неизоставен дел од хотелот е и Lounge bar-от кој се наоѓа на највисокиот кат и има поглед кон Струшката чаршија и шеталиштето. Уникатниот дизајн на просторот е инспириран од самото Охридско езеро. Сето ова, надополнето со вкусните специјалитети, подготвени од кувари со долгогодишно искуство, овозможуваат Вашата посета да биде комплетна за да посакате одново да се вратите во Хотел Бoград.

Доколку сакате да ѕирнете во светот на Хотел Бoград, посетете ја нивната веб страна: www.hotel.bograd.mk. Прашајте за специјалите понуди кои хотелот ги нуди на телефонскиот број 072/223-980 или на е-маил [email protected]. Хотел Бoград со задоволство Ве очекува!
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

