Македонија
Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија.
„Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за поминување на граничните премини за државјани од низа земји за туризам. Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија“, наведе Пленковиќ.
Како што рече тој, листата ќе се проширува во согласност со ситуацијата.
Претходно, и Црна Гора објави листа на земја за кои ќе бидат отворени границите од 1 јуни, а меѓу кои не се Македонија и Србија поради бројот на случаи со заразени од коронавирусот. На листата на земји шт може да летуваат во Црна Гора од регионот се наоѓаат Хрватска, Албанија, Грција и Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени, изјави новиот министер за здравство, Азир Алиу, за хаосот со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тој рече дека паркингот не е ниту мапиран, односно не се знае ниту колку паркинг места има.
„Знаеме дека еден од главните инфраструктурни проблеми, освен зградите и внатре во Клинички е паркингот. За жал паркингот не е ни мапиран, ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори за да видиме колку паркинг места има, со длабока анализа ќе видиме колку пациенти има, колку вработени и ќе излеземе со краткорочно решение“, рече Алиу.
Долгороченото решение за паркингот, додаде тој, ќе зависи од долгорочното решение за Клиничкиот центар.
„Ќе мора да бидеме претпазливи, да не се инвестира во нешто што можеби утре нема да биде во функција“, рече Алиу.
Македонија
ДУИ: Етничка дискриминација во распределбата на проекти, Стоилковиќ ги брише Албанците, молчењето е соучесништво

„Демократската унија за интеграција реагира со длабока огорченост на скандалозниот начин на кој средствата се распределуваат на граѓанските здруженија од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, на чело со вицепремиерот Иван Стоилковиќ“, велат од ДУИ.
„Според податоците објавени од медиумите, резултатите се следниве: 29 проекти за македонски здруженија, 5 проекти за српски здруженија, 3 проекти за ромски здруженија и само 3 проекти за албански здруженија.
Ова не е само неурамнотежена распределба, туку е намерна дискриминаторска политика. Албанците, кои претставуваат една од најголемите и најактивните заедници во земјата, систематски се бришат од списокот на корисници, дури и во министерство кое е задолжено за одржување на меѓуетничката рамнотежа и правичната застапеност.
Иван Стоилковиќ, со своите добро познати антиалбански позиции и врски со кругови надвор од државниот интерес на Република Северна Македонија, ја користи институцијата за поттикнување на поделба, исклучување и пропаганда, наместо да гради доверба меѓу заедниците.
ДУИ бара итна институционална ревизија за овој скандал со изразена етничка содржина; политичка и институционална одговорност за Стоилковиќ.
Институциите на оваа држава не се основа за промовирање камуфлирана етнократија. ДУИ нема да молчи пред практиките што го поткопуваат духот на Охридскиот договор и сериозно го кршат правото на Албанците на еднаква застапеност“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство

„Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера не е „кодошење“ туку патриотизам“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„ВМРО, НОБ и АСНОМ се генеза на борци против диктатура, авторитарни режими и врховисти. Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство кое може еден Македонец да го направи. Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда. Тоа го чувствуваат и граѓаните“, одговори Кузеска на новинарско прашање.