Македонија
Хуманитарна велосипедска тура од Скопје до Шведска
Хуманитарен подвиг од големи размери – велосипедска тура од Скопје до Вербер во Шведска, со цел да се подигне свеста за најранливите категории на лица.
Меѓународниот хуманитарен настан го носи името Cycle4Europe и е во организација на Лоза Фонадацијата од Шведска.
Cycle4Europe е велосипедска тура која ќе започне денеска во 10 часот, од плоштад „Македонија“, а ќе заврши на 19 септември во Варберг, Шведска, при што во време од две недели ќе се вози низ некои од најсиромашните предели во Европа, со цел да се подигне свеста за најранливите категории на лица.
Настанот има хуманитарен карактер и прибраните финансиски средства Лоза фондацијата ќе ги употреби за помагање на лица со попреченост за да го олесни процесот на деинституционализација и да го подобри нивниот квалитет на живеење.
Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија е локален партнер на Лоза Фондацијата во организација на настанот.
Пред почетокот на турата денеска на поштадот „Македонија“ ќе се обратат Сабина Грубисон – претседателка на Лоза фондација, Јонас Колтинг – шведски шампион во велосипедизам, предводник на турата, Горан Петрушев- претседател на Сојуз на Специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ, Фанка Динева- поранешен корисник на ЈУ Бања Банско преселена во својот семеен дом со поддршка на Лоза Фондацијата, Васил Јанкула, Владо Караев- консултант за деинституционализација ангажиран од ЈУ „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“, Јована Тренчевска – државен секретар при МТСП и амбасадорката на Шведска – Кристин Форшгрен Бенгтсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

