Македонија
Хуманитарна изложба на домашни миленици, средствата ќе бидат донирани на семејствата на настраданите од Кочани
Факултетското студентско собрание при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со поддршка на ФВМС, на 7 јуни (сабота), на плоштадот во Автокоманда, ќе одржи хуманитарна Изложба на домашни миленици. Настанот има за цел да се обезбедат средства за семејствата на настрадани во трагичниот настан во Кочани.
Оваа изложба, во која милениците ќе бидат прикажани со внимание и љубов, а нивните сопственици ќе добијат благодарници и симболични награди, е потсетник на една поширока вистина – дека грижата за животните и хуманоста кон луѓето се длабоко поврзани.
„Како млади луѓе, чувствуваме одговорност да дејствуваме таму каде што болката е тешка, а потребата е голема. Овој настан е израз на длабока човечка поврзаност“, порачаа од Факултетското студентско собрание при ФВМС.
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го поддржува овој настан како чин на солидарност со општествената болка.
„Во свет во кој сѐ почесто недостига разбирање и поддршка, токму ваквите иницијативи го потсетуваат општеството на суштинските вредности. Преку љубовта кон животните, ги негуваме и најдлабоките човечки доблести – сочувството и одговорноста кон другиот“, наведоа од ФВМС.
На самата локација ќе биде поставена кутија за донации. Сите собрани средства ќе им бидат донирани на семејствата кои претрпеа ненадоместлива загуба.
„Ги покануваме сите љубители на животни и граѓани со исклучително чувство за заедништво и сочувство да ни се придружат. Вашето присуство и поддршка значат многу – таму каде што е најпотребно“, порачаа од ФСС при ФВМС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

