Македонија
Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром на 24 март во Градскиот парк во Скопје
Мечувачкиот клуб „Ескрим“ оваа година третпат ќе ја организира хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Таа ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, в недела, 24 март, со почеток во 11 часот.

Секоја година сè повеќе луѓе се вклучуваат во поддршка и организаторите апелираат тоа да продолжи затоа што, како рече Билјана Кузмановска, организатор на трката, за децата изминатата година: „Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони!“ Според нив, храброста на овие млади треба да биде негувана од секој аспект од нашето општество. Тие се сигурни дека и оваа година ќе приредат незаборавен настан што ќе прерасне во традиционална манифестација што ќе ги поддржува лицата со Даунов синдром.

Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун. За зголемување на поддршката се повикуваат сите да го проследат настанот на фан-страницата на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/events/2289254421358215/.
За купување котизации треба да се посети https://www.smartrace.club/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

