Македонија
Царовска: Со социјалната реформа овозможуваме еднакви можности за самохраните родители
„Еднакви права и можности за самохрани мајки“ беше тема на денешната дебата организирана од граѓанската организација „Една може“ на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. На дебатата беа презентирани податоци од анализата за состојбата на еднородителските семејства, на самохраните мајки во Македонија, но и што државата, граѓанските организации и институции прават за подобрување на нивната состoјба.
„Материјалната состојба не секогаш треба да се поврзува со еднородителските семејства. Ние имаме мајки што се материјално обезбедени, татковци што исто така се материјално обезбедени. Но, и покрај тоа, со социјалната реформа на самохраните семејства им нудиме коефициент 0,5, што е ист како за семејствата каде што има две возрасни лица, што е еднаква стартна позиција“, истакна министерката Царовска.
Министерката Царовска ги повика граѓанските организации во соработка со локалните самоуправи да развиваат сервиси кои ќе им помагаат на самохраните родители нивното дете да стигне и да се врати од училиште додека родителот е на работа.
Анализата којашто беше презентирана денеска треба да даде придонес во создавањето на документ, кој би бил темел за создавање еднакви стартни позиции на еднородителските семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

