Македонија
Царовска на конференција на Меѓународната организација на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, учествува на 107-та конференција на Меѓународната организација на трудот, која се оддржува во Женева.
Овогодинешната тема на конференцијата е „Градење на иднина со пристојна работа“. Министерката предводи трипартитна делегација, со претставници на Владата и репрезентативните синдикати ССМ, КСС и организацијата на работодавачи ОРМ.
Учесници на настанот се околу 4.000 делегати од целиот свет кои разговараат за приоритетите и потребите во областа на трудот.
За време на работната посета Царовска одржа состанок со федералниот директор на Меѓународната организација на трудот, Гај Рајдер. Исто така, оствари билатерални средби со холандскиот министер за социјални работи и вработување и хрватскиот министер за труд и пензиски ситем, како и со Петер Погачар, државниот секретар на Министерството за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Словенија. На средбите се разговарало за видовите договори за работа и мерките за унапредување на условите во областа на трудот, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.