Македонија
Царовска на маалска средба во населба Пролет: Се што ветуваме остваруваме

Носителката на листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 1, Мила Царовска вечерва беше на маалска средба во населбата Пролет.
„Центар никогаш не не напуштил затоа што сме демократи и како политичка партија се што ќе ветиме остваруваме. Оваа програма што ја држам ќе ја оствариме 100 %, бидејќи ќе се посветиме на домашната економија.Тоа можеме да го направиме, бидејќи за не цел мандат успеавме да реализираме над 70 % од претходната програма. Ветивме поголема минимална плата и сега имаме Минимална плата поголема за 60%, а просрчната плата ја зголемивме за 5.000 денари”, рече Царовска.
Царовска истакна дека Социјал-демократскиот сојуз е партија којашто води грижа за сите граѓани и за повозрасните.
„Не ги заборавивме пензионерите. Откако го стабилизиравме пензискиот систем ги зголемивме пензиите. Во јануари ги зголемивме сите пензии за 722 денари. Во новиот мандат како партија којашто се грижи за најранливите минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари”, рече Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.