Македонија
Царовска на министерска панел-дискусија за социјалните реформи во седиштето на Светската банка во Вашингтон

„Политичко-економски фактори во реформите и спроведувањето на социјалната заштита“, беше тема на министерската панел-дискусија на која учествуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во седиштето на Светската банка во Вашингтон.
Со овој панел почна неколкудневната обука за социјална работа и заштита, која се одржува во Светската банка.
„Со подобрувањето на квалитетот на животот на најранливите го подобруваме квалитетот на животот на општеството како целина. Реформата во системот на социјалната заштита има трансформативен потенцијал за целото општество. Со менувањето на начинот на кој ги перципираме и се грижиме за лицата во социјален ризик го менуваме и целото општество“, истакна министерката Царовска.
Таа пред отворањето на обуките имаше работна средба со Коен Давидсе, извршен директор на Светската банка и преставник на конституенцата на Светската банка во Северна Македонија. На средбата тие разговараа за социјалната реформа, која успешно се имплементира веќе неколку месеци во земјата, како и за инвестирањето во човечкиот капитал.
Другите теми на следните панел-дискусии на настанот во Вашингтон се зајакнување на социјалните услуги за подобрување на животот и животните услови на граѓаните, проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на социјалните услуги, вклучително и предучилишното образование за ранливите групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).