Македонија
Царовска: Промоција на занаетите и средното стручно образование за креирање на кадар за современите потреби на економијата
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, денес ја посети Занаетчиската комора, лоцирана на влезот на Старата скопска чаршија, со чии претставници разговараше за поддршката на занаетчиите во услови на кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19 и за предизвиците со кои се соочуваат традиционалните и современите занаети за нивно опстанување на пазарот.
Вицепремиерката Царовска посочи дека Владата направи сериозни чекори за промоција на занаетите и стручното образование, како многу важен елемент за создавање квалитетни и квалификувани кадри за економијата.
„Сметам дека ние како Влада навистина потикнуваме дуално образование, затоа што средното стручно образование е иднината и на занаетите, но и за развој на економијата во нашата држава, со цел опремување или стекнување со знаење и вештини на целиот кадар којшто понатаму ќе биде понуден на економијата. Дополнително на сите оние самостојни вршители на дејност во овој период на кризата предизвикана од Ковид 19 им понудивме поддршка и за 3 месеци тие добија поддршка од 14.500 денари месечно, или финансиска поддршка за исплата на минималната плата. Оваа мерка ја искористиле повеќе од 5200 компании или самостојни вршители на дејности коишто понатаму обезбедуваат работа за своите работници или за самите себе, за да може да се оддржат во дејноста што ја вршат“, кажа вицепремиерката.
Царовска ја посети и работилницата за изработка на филигран којашто е во склоп на Домот на занаетчии, каде што во пракса се гледа како се врши процесот на прекфалификација и докфаликација и како тие лица кои ја посетуваат оваа обука се стекнуваат со знаења коишто понатака може да ги воведат во нов бизнис, да го развиваат и со тоа да ја развиваат нашата економија.
„Сметам дека во наредниот период навистина цврсто треба да вложиме во дуалното образование, тоа е инвестиција во реалниот сектор, компаниите да учествуваат во креирање на потребниот кадар. Ако отвориме повеќе вакви работилници на тоа директно ќе влијаеме и на остручување на кадарот во нашата држава. Ние како влада успеавме во 10 училишта во 5 општини да воспоставиме систем на дуално образование и на тој начин ќе продолжиме и понатаму, затоа што ако училиштата се поврзат со компаниите и со занаетите тие заеднички ќе придонесат да оној кадар што ќе излезе од средното образование директно може да се пласира на пазарот на труд, а со тоа да имаме продуктивни работници, коишто ќе можат да обезбедат повисоки плати и за себе, но и за развојот на бизнисот во којшто работат“, нагласи вицепремиерката Царовска.
Претседателот на Стопанската комората на занаетчии, Никола Петров, рече дека на средбата со вицепремиерката ги дискутирале проблемите и можните решенија за развој на занаетчиството на територија на град Скопје.
„Наидовме на разбирање кај вицепремиерката Царовска и се надевам дека во иднина ќе имаме подобар развој на занаетчиството во градот и поголем број лица ќе бидат опфатени во занаетчиството. Го истакнавме проблемот со средните стручни училишта, го истакнавме проблемот со недостигот на квалитетен занаетчиски кадар, така што не го жалиме времето што го потрошивме затоа што наидовме на разбирање кај вицепремиерката Царовска, којашто ни вети, ако биде во можност дека ќе ни помогне и понатака да го развиваме занаетчиството“, рече претседателот на комората на занаетчии Никола Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

