Македонија
Царовска: Сите заедно против насилството врз децата
Насилството врз децата од рани години креира насилна општествена култура која се пренесува низ генерациите, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на настан на кој беше промовирана Студијата за идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз деца, изработена од страна на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Македонија.

Министерката вели дека треба да се работи да се подигне свеста кај родителите за штетните последици врз развојот на детето од ваквото родителство и да се стимулираат позитивни промени.
Царовска се осврна на предизвиците со кои се соочува Македонија и активностите кои се преземаат со цел намалување на оваа негативна појава во општеството.
„Она кое што секој од нас го гледа секојдневно е насилство на детето во семејството на кое ние едноставно си ќутиме.. сите ние, јас, милион пати сум била сведок кога родител ќе го потчукне, поткскубне, ќе го потклоцне детето. Тоа се случува во трговски центри, на автобуски станици, тоа се случува во училиштата. И тоа не е есктремното насилство. Ама тоа е насилство кое што остава последици врз секое дете.“ – истакна Царовска.
Царовска истакна дека е една од најраспространетите форми на насилство е занемарување на децата, а со занемарување со соочуваат сите деца кои живеат и растат во институциите. Затоа, истакна Царовска, МТСП започнува со обемна реформа и деинституционализација.
„Целта е до 2020 година да нема ниту едно дете сместено во институција.
Состојбата треба да се подобри и во градинките каде што децата ги имаат првите чекори во социјализацијата. Токму затоа со Светска банка, УНИЦЕФ и со Делегацијата на ЕУ во 2019 започнува голема програма која што ќе значи создавање капацитет за повеќе деца да одат во градинка, но и подобрување на квалитетот со нови современи програми кои што ќе ги пресретнат предизвиците на современото живеење“ додаде Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

