Македонија
Царовска: Храброста на жртвите на „Јавна соба“ јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот
Денес го одбележуваме феминизмот кој се бори за сите оние што сè уште не може да се изборат за самите себе, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, во видеообраќањето по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.
Министерката Царовска им оддаде почит на сите девојки и жени што беа изложени на насилство во случајот „Јавна соба“.
„Нивната храброст јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот. А наша обврска како Влада и институции е да обезбедиме заштита од злоупотреба на женските права сега и во иднина и оние што тоа го прават да бидат изведени пред законот. Наша реалност мора да биде општество во кое еднаквоста и недискриминацијата ќе бидат основни човекови вредности. Од ова не смееме никогаш да се откажеме“, посочи Царовска.
Потсетувајќи дека денешниот празник е во слава на непоколебливиот феминизам, кој се бори за политичко организирање на жените, кој се бори за сите девојки и жени, за младите, за пензионерките, за работничките, за трансродовите лица, министерката Царовска рече дека најдобар начин да ги славиме генерациите феминистки пред нас е да ја продолжиме нивната борба во семејството, на улица, во институциите, во училиштата.
„Затоа, клучен предизвик пред нас се реформите во образованието, кои значат вложување во идни генерации што растат со вредностите на родова еднаквост, солидарност и ненасилство. За еднакви можности, за силни и солидарни девојки и жени“, рече министерката Царовска во видеообраќањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

