Македонија
ЦЕДАВ: Државата да исплати обесштетување на шест бремени Ромки кои биле иселени без предупредување
Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жените (ЦЕДАВ) одлучи во корист на шест млади Ромки, во два засебни случаи кои во август 2016 година беа истерани од своите домови без предупредување додека беа бремени, соопшти Европскиот центар за правдата на ромите (ЕЦПР).
„Општинските власти дојдоа и со булдожер ги урнаа домовите на околу 130 Роми, вклучувајќи ги и овие шест жени, коишто живееја на брегот на реката под тврдината Кале во центарот на Скопје. Тие ја уништија пумпата за вода што ја користеше заедницата, како и голем дел од нивните лични предмети што се наоѓаа во нивните домови, оставајќи ги без дом и во ранлива ситуација во екстремни временски услови. Комитетот на Северна Македонија ѝ даде шест месеци да обезбеди обесштетување на шесте жени, како и соодветно сместување, пристап до чиста вода, исхрана и директен пристап до прифатливи здравствени услуги“, наведуваат од ЕЦПР.
Жените на тоа место живееле девет години пред да се случи, како што велат од ЕЦПР, незаконското иселување. По него, тие биле оставени на улиците во време на големи поплави, без пристап до вода или канализација, а подоцна својата бременост морале да ја довршат во премрзнати шатори и импровизирани засолништа. Шесте жени, исто така, не можеле да добијат пристап до социјални станови или медицинска нега бидејќи, како и многу други Роми во Македонија, не поседувале лични документи.
„Во 2016 година, на владата ѝ рековме дека нема да застанеме сè додека не обезбедиме правда за овие жени, како и за остатокот од заедницата – денес го исполнивме првиот дел од тоа ветување. Двете одлуки се превртница на многу начини, но, што е најважно, ги истакнуваат сите испреплетени форми на дискриминација со кои се соочуваат жените и девојчињата Ромки. Овие шест храбри млади Ромки кои се согласија своите предмети да ги изведат пред суд беа мотивација за една важна промена во судската практика којашто сега може да ја користат многу други бездомници во светот, во ситуации во кои владите не успеваат да им обезбедат алтернативно сместување, пристап до здравствена заштита, услуги, чиста вода и правилна исхрана“, рече Сенада Сали, адвокатка на ЕЦПР, која им помогна на шесте Ромки да ги изведат своите случаи пред ОН.
Одлуката следува откако ЦЕДАВ одговори на итните барања од ЕЦПР (Европски центар за правата на Ромите) во ноември 2016 и во јануари 2017, барајќи од Северна Македонија веднаш да обезбеди итно сместување за шесте Ромки.
Од ЕЦПР велат дека властите обезбедиле несоодветно и супстандардно сместување за жените, бидејќи температурите во Скопје паднале на -20˚C.
Овие најнови одлуки на ЦЕДАВ претставуваат обврска за државата да обезбеди соодветно, безбедно сместување и репарации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

