Македонија
Целосно затворени булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин
Од утрово од 8 часот до утре до 8 часот за сообраќај ќе биде затворен булеварот Крсте Мисирков на потегот од клучката кај Бит-пазар до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, сообраќајот ќе се одвива преку клучката кај Бит-пазар, булеварот Александар Македонски, улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев.
Исто така, денеска ќе се врши асфалтирање со завршен слој на булеварот Кочо Рацин, и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот Кузман Јосифовски – Питу до раскрсницата со улицата Свети Кирил и Методиј, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Филип Втори.
Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

