Македонија
Целосно уништена опремата за следење на рисот во Кичевско
Несовесни граѓани целосно уништиле кафез-замка во месноста Суви Дол, Кичевско, која била поставена од Македонското еколошоко друштво за научноистражувачки цели. Кафезот не е во можност повторно да се употреби за следна мониторинг-сесија на балканскиот рис.
„Досега не сме имале вакво искуство и апелираме до граѓаните што се движат во планина дека овој тип замки е наменет исклучиво за научно истражувачки цели и следење на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Случајот ќе го пријавивме во полиција и се надеваме дека надлежните ќе поведат постапка против сторителите“, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво.

Вакви замки се поставени на повеќе локации во НП „Маврово“ и надвор од него и се од непроценлива вредност за стекнување нови сознанија за ова ретко животно, што МЕД активно го проучува и заштитува од 2006 година.
Тој сподели и една убава вест раскажувајќи дека жители на мавровските села им испратиле фотографии од рисот-женка Лиса, што ја следат долго време со ГПС-околувратник.

„Деновиве добивме прекрасни слики од женката Лиса, деветта различна единка рис заловена во рамките на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис, кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година. Станува збор за здрава единка, стара околу 7 години“, изјави Меловски од Македонското еколошко друштво.
Фотографиите им ги испратил жител од едно мавровско село, кој ја сликал женката од својата тераса.


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

