Контакт

Македонија

Цената за паркирање во Гостивар се намалува од 40 на 25 денари

Објавено пред

Советот на Општина Гостивар на денешната седница со мнозинство гласови ја намали цената за паркирање во Гостивар од 40 денари на 25 денари.

dobivaj vesti na viber

Со оваа одлука е вратена старата цена за паркирање во Гостивар, со што барем малку ќе им се олесни финансискиот товар на граѓаните.

Исто така, со новиот Правилник на Јавното претпријатие за „Јавни паркинзи и зеленило“ се предвидува и намалување на цената за блокирање на непрописно паркираните возила, од 1200 денари на 600.

Македонија

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Објавено пред

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција.

dobivaj vesti na viber

Координаторот на групата, Беким Коќу, најави дека во следните денови ќе им се приклучи и десетти член, а се надеваат дека можеби во наредниот период ќе стигнат и до четиринаесет.

Со тоа, во моментот, пратеници од пратеничката група на „Влен“ се Африм Гаши, кој е и претседател на Собранието, Беким Ќоку, координатор на групата, Аднан Азизи, Мерита Колчи Коџаџику, Имерлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу

„Го информиравме Претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побаравме ова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази во соодветните работни тела на Собранието. Очекуваме оваа обврска да се исполни во наредните денови“, изјави Коќу.

Тој им се обрати на гласачите кои ги поддржаа на парламентарните избори, порачувајќи им дека остануваат лојални, доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања.

Претходно, Алијанса на Албанците од коалицијата и власта, а лидерот на партијата Арбен Таравари поднесе оставка од фунцкијата министер за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за модуларна болница, дали е заштитен

Објавено пред

Еднонеделната прошетка во Дубаи на Филипче заедно со неговиот ментор Заев, вчера заврши. Филипче се врати од песочните плажи во Дубаи на коишто уживаше со Заев и тераше бизниси и се јави на прес-конференција, но не одговори на прашањата кои му ги поставивме. Денес повторно го прашуваме Филипче. Каде беше тој изминатава недела? Од каде му е златната виза за Дубаи? Дали има бизнис со Заев во Дубаи? Дали има нострифицирана диплома или можеби над 500 илјади долари“, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на модуларната болница, дали Филипче е задоволен од пресудата? Како ги коментира смешните пресуди од 1,5 година на екс директорите? Дали судиите кои ја донесоа пресудата, станале судии со негов амин? Дали Филипче е изземен од случајот? Дали Филипче е заштитен? Дали тоа што Филипче беше министер го штити и ги пушти низ вода двајцата екс директори? Дали Филипче имал влијаено на пресудата“.

Филипче, додава тој, е обичен лажго и манипулатор.

„Него не го интересираат граѓаните, туку бизнисот и профитите. Филипче молчи и се крие кога ќе биде повикан во јавност.

Филипче доста е молк. Време е за одговори“, истакнува Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Објавено пред

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата информираа дека сите возила се во сопственост на приватни компании, извршен е увид и нема повредени лица.

„Опожарени се патничко возило ‘тојота рав 4‘ со битолски регистарски таблички, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. од Битола, патничко возило ‘фолксваген пасат‘ со тетовски таблички, сопственост на приватна фирма и возило марка ‘дачиа логан‘ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма“, велат од полицијата.

Реакција имаше и од СДСМ Битола од каде го осудија палењето на возилото на Кондовски.

„Овој насилен чин влева страв кај граѓаните за нивната личната безбедност, а на само неколку месеци пред локалните избори, и несигурност за интегритетот на процесот“, велат од партијата.

Се додава дека Битола станува небезбедна, а со вакви појави гледаме дека и цела Македонија е претворена во место на страв и пресметки.

Се бара од Владата итно да реагира, истрагата да биде брза и ефикасна, а сторителите да бидат изведени пред правдата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече...

Македонија41 минута

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ,...

Македонија1 час

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...

Економија2 часа

Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште...

Топ3 часа

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет4 часа

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет5 часа

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет5 часа

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа7 часа

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа7 часа

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...

Европа7 часа

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за...

Европа7 часа

Русија се огласи за преговорите: Ѓаволот е во деталите

Процесот на договарање на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде комплициран за Москва и Киев...

Свет18 часа

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина...

Свет18 часа

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Заврши телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објавија руските државни медиуми. Двајцата лидери разговарале повеќе од два часа,...

Македонија21 час

Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има...

Македонија23 часа

Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на...

Македонија1 ден

Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во...

Топ1 ден

Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон...