Македонија
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за ставот на пратениците да се спротивстават на уставните измени

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница во Велес, на која се дискутира за актуелните политички случувања во државата.
На седницата се донесоа два заклучока:
1. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува атаката и загрозувањето на безбедноста на пратеникот Петар Ристески изразен преку палење на неговиот автомобил, како и палењето на автомобилот на началничката на секторот за урбанизам во Општина Прилеп.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара итно да бидат изведени пред лицето на правдата не само сторителите туку и организаторите на тој дрзок и криминален чин, а кои се наоѓаат во врвот на власта, да не се замајува јавноста со периферни ликови, кои треба да служат за алиби и одолжување на вниманието од вистинските сторители и инспиратори.
2. Централниот комитет им дава целосна и силна поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата во нивната одлука да се спротивстават на уставните измени како еден од најзначајните механизми на спречување на процесот на идентитетско обезличување и асимилација, кои ги прифати антимакедонска власт на предавникот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За еден месец, 80 лица се сретнаа со министерот за здравство, Алиу, преку „Отворен кабинет”

Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет“ се сретнаа со министерот за здравство, Азир Алиу.
Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамките на Министерството за здравство, односно тие се анализираат и проследуваат за натамошно постапување, велат од Министерството.
„До овој момент одговорено и постапено е по 29 отсто од барањата, за некои потребни се системски унапредувања, кои веќе се иницирани, а за преостанатиот дел формирани се комисии за поефикасно постапување“, се наведува во соопштението.
За потсетување, министерот Алиу во текот на утрешниот ден е на терен во Штип во рамките на иницијативата „Мобилен кабинет“, каде што од 12 до 14 часот ќе има средба со граѓани во просториите на Клиничката болница – Штип и сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем.
За учество на овие средби потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет“, која е достапна преку интернет-страницата на Министерство за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/
Македонија
Шукова: Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна

Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна, смета Каја Шукова од СДСМ, која е кандидат за градоначалник на Скопје. Според неа, тоа е последното нешто што му треба на Скопје.
Како што вели Шукова, кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот.
„Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и еколошки вандализам. Граѓаните на Скопје заслужуваат уреден кеј со велосипедски и трим-патеки, урбана опрема, зеленило и чист воздух. Тоа е визијата што ќе ја бранам, кејот како градска оаза за спортување, пешачење, семејни прошетки и живот. Што му треба на Скопје? Сериозен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Наместо да се фрлаат нереални идеи, кои звучат добро на хартија, а се катастрофа во реалноста, ќе предложиме нов, модерен систем на јавен превоз, кој ќе биде брз, достапен, чист и одржлив. Ќе го дигнеме јавниот превоз од пепелта во која ВМРО-ДПМНЕ го остави да тоне четири години. Моја заложба како кандидатка за градоначалничка е јасна – Скопје ќе биде град за луѓето. Град на велосипедисти, мајки со деца, спортисти, рекреативци, ученици, пензионери“, објави Шукова на „Фејсбук“.
Македонија
Затворот во Куманово без вода, вицепремиерот Фетаи вети решение

Затворот во Куманово подолго време се соочува со недостиг од вода за пиење, а вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, вети решение.
„Вицепремиерот Фетаи ги сослуша предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостиг на вода за пиење – проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побргу“, соопштија од неговиот кабинет по посетата на затворот.
Фетаи го оценил затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство.
Се разговарало и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство.
„Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој во согласност со европските стандарди“, рече Фетаи.