Македонија
ЦИВИЛ: Скапоцените лустери на ВМРО-ДПМНЕ за црквата во Љубанци се незаконска донација
ЦИВИЛ реагира по информацијата која пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, ја пласираше во јавноста за донацијата што ја направила неговата партија во црквата Свети Никола во селото Љубанци.
Според информацијата што Тарчуловски ја сподели со јавноста, ВМРО-ДПМЕ на оваа црква ѝ ги донирала луксузните лустери од седиштето на партијата, чија изградба, како што велат од ЦИВИЛ, е поврзана со многу контроверзии, како и со кривични постапки.
„Доколку оваа информација од пратеникот Тарчуловски е точна, ЦИВИЛ ги потсетува јавноста и институциите дека сиот движен и недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат со судска одлука, поради постоењето на два судски предмети кои се однесуваат токму на имотот на партијата. Исто така, ЦИВИЛ нотира дека се работи за донација за време на изборна кампања, што е спротивно на законите. ЦИВИЛ од надлежните институции бара да го разгледаат целиот случај и да констатираат дали партијата со ова го прекршува Изборниот законик и низа други законски одредби“, велат од ЦИВИЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.